ФИА воведува голема промена на ГН Монако

ФИА и официјално потврди дека една од најпознатите трки во историјата на Формула 1 ќе претрпи значителна промена.

Светскиот совет за моторни спортови (WMSC) официјално го одобри планот Големата награда на Монако да стане задолжителна трка со две застанувања.

Овој предлог првпат се појави јавно минатата недела, откако Големата награда на Монако веќе подолго време е под притисок поради недостаток на возбуда на самата трка. Поради тесните улици и модерните дизајни кои стануваат се пошироки и поголеми, претекнувањето е речиси невозможно.

Како сигурна трка со едно планирано менување гуми, во Монако речиси се се решава во квалификациите. Поради тоа популарноста на Големата награда на Монако меѓу навивачите опаѓа, а се почесто се поставува прашањето за нејзиното место во календарот на Ф1.

Новиот систем треба да донесе поголеми разлики во стратегиите, што би ја направило трката подинамична и поинтересна.

Следниот чекор е Формула 1 официјално да го потврди воведувањето на оваа промена. Бидејќи комисијата на ФИА, која е дел од WMSC, веќе даде одобрение, се очекува процесот да биде само формалност.

Важно е да се напомене дека правилото кое бара употреба на најмалку два различни типа гуми за време на трката сè уште останува на сила. Така, возачот ќе може да користи веќе користена компонента на гума.