Граната пронајдена во дворот на Педагошкиот факултет во Битола

Во петкото (28.02.2025) во 11.56 часот, во СВР Битола било пријавено дека во дворот на Педагошкиот факултет на улицата „Генерал Васко Карангелевски” во Битола била пронајдена граната.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола истата е подигната и утврдено е дека се работи за артилериска граната кал.75 мм од Прва светска војна.