
Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти денеска Гранд продукција.
Поповиќ и Лепа Брена соработуваа децении наназад, а покрај професионалниот однос, тие беа и семејно и приватно поврзани.
Пејачката и нејзиниот сопруг Боба се огласија по веста за загубата на пријателот.
-Ова е голема загуба за сите нас. Бевме првенствено кумови, пријатели, а потоа и најблиски деловни соработници. Сега кога требаше да ужива, ова се случи. Ова е голема загуба, што да кажеме повеќе. Беше голем, велат Брена и Боба за Блиц.рс.