Мелони повика на итен самит на САД и на Европа после караницата меѓу Трамп и Зеленски

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони повика на итен самит на САД, Европа и сојузниците, откако средбата помеѓу Зеленски и Трамп вчера доживеа целосно „фијаско“.

Таа кажа дека поделбите го прават Запад „послаб“ после вчерашниот вербален судир помеѓу украинскиот и американскиот претседател.

„Потребен е итен самит на САД, европските држави и сојузниците, за искрено да разговараме за тоа како ќе се справиме со денешните големи предизвици, почнувајќи од Украина, која ја браниме заедно во последните години“, изјави Мелони.

Таа рече дека Италија ќе го испрати предлогот за самит во следните неколку часа.