
По три мандати и вкупно 12 години, Живко Мукаетов реши да не се кандидира на најновите избори за прв човек на РФМ.
„Го реализиравме планираното и се справивме со многу предизвици. Од вкупно 14 учества на големи натпреварувања, со машките селекции минавме шест Европски и шест Светски првенства. Деветото место во Катар е најголемиот успех во нашата ера.
Потоа го минавме горливиот процес на смена на генерацијата. Издржавме и примивме многу „удари“, но сега имаме перспективна генерација. Петнаесеттото место на Светското првенство годинава е првиот чекор кон иднината. Јавноста тоа го препозна и им даде поддршка на селекцијата составена само од ракометари од домашната Суперлигата
Донесовме новини и олеснувања и за клубовите. Ги намаливме, а потоа и целосно ја укинавме котизацијата на клубовите. Формиравме едукативен центар за тренери и им овозможивме на нашите тренери да се едуцираат тука во Македонија и лиценците да им се признати и во странство.
Лично посакувам федерацијата да ја преземе личност со идеја и визија. Оставаме функционален систем, без доглови и со голема перспектива. Верувам дека новите структури ќе продолжат по нашиот пат“, рече во дел од своето излагање Мукаетов.