
Александар Стефанов во саботата беше официјално избран за наследниот на Живко Мукаетов, или поточно, беше инагуриран како нов претседател на Ракометната Федерација на Македонија.
Првиот човек на Бутел во иднина ќе биде предводник и на најважното тело во македонскиот ракомет, па со оглед на големата одговорност која ја има пред себе, младиот стопанственик верува дека заедно со добриот тим ќе ги продожи досегашните резултати на гарнитурата во заминување.
„Како што кажав и во програмата, прва цел пред се ќе биде да ја одржиме финасиската стабилност и одржливост во Федерацијата, да обезбедиме извонредни услови за работа. Сакаме да ставиме акцент на младите категории, целта е да го подобриме женскиот ракомет и заедно со Минестерството за спорт работиме на подборување на ифрастурктурата како целина.
Во првите две години најавувам изградба на прв спортски комплекс во сопственост на Федерацијата. Ни претстои период на квалификациски натпревари и кај дамите и кај мажите, па во претстојниот период ќе треба да се мобилизираме и да останене на нивото на кое сме. Посветени сме и ќе се трудиме да донесеме се најдобро на македонската Федерација“, изјави Стефанов во разговорот за „Спортско радио 90,3 фм“.
Стефанов доаѓа на чело на Федерацијата на место на Живко Мукаетов, кој после три успешни мандати, реши да ја препушти одговорната функција на некој друг.
„Оваа функција брои низа претседатели кои оствариле значајни резултати и во делот да го одржат ракометот како спорт број еден во Македонија, но и во деловниот и бизнис светот како добри стопанственици. Мојата обврска и одговорност е голема, ќе се потрудам да го држиме ова ниво, но ако можеме да се унапредиме во секој сегмент. Мислам дека има простор за напредок, тука сум за посветено да работам, со тимот ќе работиме за доброто на ракометот“, дополни новиот прв човек на Федерацијата.