
Вчера во Тетово патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
„На 28.02.2025 во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Гоце Стојчески“ во Тетово патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево, тетовско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот“, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.