
Во сабота на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време. По претпладнето со појава на магла по одделни котлини, во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје и околината исто така ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе се движат во опсегот меѓу 8 и 15 Целзиусови степени.