Трамп може да забрани споделување разузнавачки информации со украинската војска

Американскиот претседател Доналд Трамп може да забрани споделување на разузнавачките информации кои беа од огромна помош за украинската војска во досегашното тригодишно спротиставување на руската инвазија по кавгата од петокот со украинскиот претседател Володомир Зеленски во Белата куќа, објави во саботата весникот The New York Times, цитирајќи официјален американски преттавник.

„По спектаклот во Овалната соба (…) претседателот (Трамп) може да одлучи да ја прекине дури и индиректната поддршка (….) која вклучува други видови воено финансирање, обезбедување разузнавачки информации, обука на украинските војници и пилоти, и угостување на центрите за повици за меѓународна помош во американската воена база во Германија“, се наведува во текстот.

Според написот во весникот The Washington Post, пак, администрацијата на американскиот претседател веќе сериозно размислува за прекинување на севкупната воена помош на Киев.

Претходно во петокот, уште пред пристигнувањето на Зеленски во Белата куќа, специјализираното издание Record повикувајќи се на извор запознаен со темата, објави дека челникот на Пентагон, Пит Хегсет ѝ наредил на Кибернетичката команда да ги преките сите активности против Русија.

Според написот, наредбата наводно ја примил генеракот Тимоти Хо, кој ја предочил пред челниците на Кибернетичката команда на САД. Секторот веќе прави анализа на последиците од одлуката на Хегсет, се додава во написот.

„Командата започна да составува проценка на ризизците за министерот за одбрана, во која се наведуваат запрените операции и можните закани од Русија“, се истакнува во статијата.

Одбранбени извори на изданието веуваат дека овој чекор укажува на желбата на Вашингтон да ги нормализира што поскоро односите со Москва. Во истовремено, како што појаснува Record, наредбата на шефот на Пентагон не се однесува на Агенцијата за национална безбедност (NSA) и нејзините разузнавачки активности во однос на Русија.