Важна победа на Партизан во борбата за плејофот во Евролигата

Кошаркарите на Партизан остварија важна победа во Евролигата во 27. коло на „Белградска Арена“ ја совладаа Басконија со 86:73 (25:18, 20:7, 18:26, 23:22) и ја продолжија борбата за плејофот.

Натпреварот во Белград беше многу интересен и покрај големата доминација на Партизан во првото полувреме, во кое во еден момент домашните имаа предност од 25 поени (45:20). На средина од третиот период Партизан водеше со 20 разлика (54:34). „Црно-белите“ влегоа во последната четвртина со предност од 12 коша (63:51), благодарение на Ифе Лундеберг кој постигна „тројка“.

Како сето тоа да ги задуши домашните, ја загубија енергијата и концентрацијата и ривалот полека, но сигурно почна да ја топи предноста на противникот. Гостите во тој период имаа и одличен шут од дистанца, Маркус Хауард погоди две „тројки“ во низа, а Басконија во два наврата дојде на само пет поени негатива.

Но потоа одличниот шутер на гостинската екипа се повреди и не можеше да го продолжи натпреварот, што се одрази поените од поле за шпанскиот клуб. Кога беше важно, Исаја Мајк погоди два шута надвор од линијата 6,75, отстранувајќи ги сите сомнежи за победникот.

Кај „црно-белите“ најефикасен беше Карлик Џонс кој постигна 21 поен, а го следеше Стерлинг Браун со 19. На другата страна најмногу се истакнаа Тимоти Луваву-Кабаро и Никос Рогавопулос со по 11.

Партизан сега има скор 15-12 и во следното коло гостува кај Олимпијакос. Басконија има 11-16 и следниот натпревар го игра на домашен терен против Жалгирис.

 

РЕЗУЛТАТИ

Петок:
Евролига – 27 коло
Анадолу Ефес – Алба 98:73
Виртус Болоња – Олимпијакос 70:92
Партизан – Басконија 86:73
Асвел – Панатинаикос 93:96

Четврток:
Црвена ѕвезда – Жалгирис 80:86
ЕА7 Армани Милано – Монако 86:80
Париз – Баерн 93:88
Реал Мадрид – Барселона 96:91
Макаби – Фенербахче 94:76

ТАБЕЛА
1. Олимпијакос 27 20 7
2. Фенербахче 26 17 9
3. Панатинаикос 27 17 10
4. Париз 26 16 10
5. Монако 27 16 11
6. Црвена ѕвезда 27 16 11
7. Баерн Минхен 27 16 11
8. Партизан 27 15 12
9. ЕА7 Армани Милан 27 15 12
10. Реал Мадрид 27 14 13
11. Барселона 27 14 13
12. Анадолу Ефес 27 13 14
13. Жалгирис 27 13 14
14. Басконија 27 11 16
15. Асвел Вилурбан 27 11 16
16. Виртус Болоња 27 7 20
17. Макаби Тел Авив 27 7 20
18. Алба Берлин 27 4 23