Ведрана Тунески освои златен медал на Бугарија опен Г1

Ведрана Тунески со четири фуриозни победи стидна до златниот медал Меѓународниот такевондо турнир „Бугарија опен“ во Софија од серинјата Г1.

Бигарија опен е еден од најсилните турнири во Европа, официјален Г1 турнир кој носи бодови за Олимписките игри.

Ведрана Тунески од Теквондо клубот Бутел е и пионерски медалист од официјално европско првенство.

„Македонија има сериозна олимписка надеж, без калкулации, без заобиколувања, Ведрана е олимписка надеж во олимписки спорт“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Резултати Бугарија опен:

Ведрана Тунески – Марина Боновска (Бугарија) 2-0
Ведрана Тунески – Маша Зорица (Србија) 2-1
Ведрана Тунески – Карина Довжањин (Украина) 2-1
Финале
Ведрана Тунески – Нина Грујиќ (Србија) 2-0