Зеленски им се заблагодари на европските лидери за поддршката

Володомир Зеленски, украинскиот претседател упати серија на благодарници до своите европски колеги, по жесоката дебата со претседателот на САД Доналд Трамп, кој го обвини Зеленски дека е неблагодарен.

Зеленски сподели и објави од европските и светските лидери кои изразија поддршка за Украина.

И покрај „фијаското“ во преговорите, Зеленски им се заблагодари на САД за посетата.

„На Украина е треба праведен и траен мир, и ние работиме на тоа“, напиша Зеленски во својата објава.