Австриските либерали гласаа за влез во коалиција со народњаците и социјалдемократите

Патот за конечно формирање трипартиска коалиција на народњаците, социјалдемократите и либералите во Австрија е отворен откако партиската база на либералната партија Neos на референдум во неделата одобри влез на нивната партија во коалициската влада чија цел е оневозможување на суверенистиката десница да учествива во власта.

„94,1 отсто од членовите на Neos кои гласаа, се изјаснија партијата да влезе во коалиција со Народната партија и социјалдемократите“, соопшти водството на партијата Neos по референдумот, кој беше спроведен дигитално.

Претседателката на партијата и најверојатно иден австриски министер за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер им се заблагодари на членовите на партијата за нивната поддршка за планот за приклучување кон коалицијата.

„Ова е навистина историски момент“, рече Мајнл-Рајзингер.

Австриската народна партија (ÖVP), Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) и либералниот Neos пред неколку дена претставија коалициски договор.

Новата влада, која ќе ја предводи лидерот на ÖVP, Кристијан Штокер, планира построги закони за миграција, поповолна даночна политика за просечните граѓани и најавува континуитет во надворешната политика и политиката на Еверопската унија, што вклучува континуирана поддршка за Украина во војната против Русија.

ÖVP, SPÖ и Neos веќе преговараа за коалиција по изборите во септември, но преговорите пропаднаа во февруари поради несогласувањата меѓу SPÖ и Neos. Но, имајќи предвид дека анкетите покажуваат дека доколку се одржат повторни избори крајната десница ќе оствари уште подобри резулатит, овие партии сепак се согласија да создадат влада.

Потоа, мандатот за формирање влада го доби десничарската суверенистичка Партија на слободата на Австрија (FPÖ), која освои најмногу гласови на изборите во септември. FPÖ преговараше со ÖVP, но и овие преговори пропаднаа поради несогласувања околу поделбата на надлежностите.

Потоа, австрискиот претседател Александр ван дер Белен ги повика ÖVP, SPÖ и Neos повторно да седнат на преговарачка маса и да покажат поголема волја за компромис. Новата влада во понеделник треба да положи заклетва во парламентот.