
Челниците на Манчестер Јунајтед се повеќе веруваат дека имаат поголеми шанси да се договорат околу трансферот на Лиам Делап (22) од Ипсвич Таун отколку за ангажирање на примарната цел Виктор Осимен (27) по неговото враќање во матичниот клуб Наполи од Галатасарај на крајот на сезоната, откриваат извори на англискиот портал „GiveMeSport“.
Иако „Црвените ѓаволи“ беа активни пред затворањето на зимскиот трансфер период, при што Патрик Доргу (20) беше најскапото засилување благодарение на преминувањето на данскиот репрезентативец од Лече за 30 милиони фунти, главниот тренер Рубен Аморим (39) сака да обезбеди дополнителна напаѓачка сила пред својата прва целосна сезона на чело на клубот.