
Пијан возач вчера прегазил млада девојка на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила синоќа околу 15 минути по полноќ.
Автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управуван од Н.Н. (48) од Гостивар удрил во Б.Л. (25) од Битола.
-Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка, информира МВР.
По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.