
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со европските лидери на клучниот самит во Лондон, по жестоката расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба што ги шокираше западните сојузници и ја фрли иднината на војната во Украина во голема неизвесност.
Зеленски рече дека и кралот Чарлс ја прифатил поканата да се сретне со него во недела.
Зеленски пристигна во Велика Британија во саботата пред разговорите за кои Западот верува дека може да го врати моментумот кон постигнување прифатлив мировен договор. Имаше надеж за договор на почетокот на неделата, но тој целосно пропадна за само неколку непријатни минути во петокот.