
ОВЕН
Со вашите насочени постапки ќе го привлечете интересот на чичност која за вас има посебно знечење, предизвикувајќи нејзина активност. За некои од вас се појавува романтична врска, а за други плодна соработка. На работното место не се исклучуваат изненадувања, но со оглед на вашата посебна состојба на умот, ќе се носите со сѐ.
БИК
Тешко дека овој ден ќе ви понуди нешто посебно. Искористете го затишјето за да направите еден куп корисни работи за кои досега бевте премногу зафатени да ги завршите. Правете го она што мислите дека е правилно, но земете ги предвид и мислењата на другите. Треба да се опуштите, затоа организирајте состанок со вашите добри пријатели и опуштете се.
БЛИЗНАЦИ
Доцнењата, погрешно разбраните услови и други тешкотии ќе создадат поголема тензија во вашата работа и односите. Ова бара да бидете внимателни, особено во деталите, за да избегнете можни недоразбирања и конфликтни ситуации. Можеби и ќе успеете да се справите. Финансиски придобивки.
РАК
Вашиот професионален развој ќе ви ги зголеми приходите. Напнати сте и тоа влијае на односите со колегите и роднините. Избегнувајте конфликти. Ништо не докажувате преку нив, туку многу се трошите. Ќе добиете нови понуди и можности за партнерство со влијателна личност.
ЛАВ
Итните прашања ќе ги решавате со поддршка од други луѓе, најблиски или претставници на администрацијата. Без оглед на вашите тешкотии, нема да се жалите, туку одговорно ќе ги следите своите цели. Брзо ќе се движите низ ситуацијата и достоинствено ќе излезете од неа. Денот е погоден за прочистување, и духовно и телесно.
ДЕВИЦА
Денот е поволен во секој поглед. Без договарања, можете да се препуштите на активностите што ги сакате. Ви претстојат средби со најблиските. Атрактивната идеја може многумина од вас да плени и да ве натера да ги промените плановите за блиската иднина. Ќе треба да вложите малку труд за да го остварите тоа, но на крајот ќе бидете презадоволни.
ВАГА
Вашата желба да се наметнете и да успеете ќе ве направи похрабри во вашето однесување. Не без самодоверба, на противниците ќе им ги покажете своите квалитети и потенцијал, со што ќе изненадите некои од нив. Со вашата подобрена организација, ќе бидете поуверливи и прашање на време е кога ќе ги соберете плодовите од вашиот труд.
ШКОРПИЈА
Со повеќе стрес ќе ви мине работниот ден, настојувајќи да го завршите веќе започнатиот проект. Ќе продолжите да бидете загрижени за проблем поврзан со вашите односи со вашите деца или друг член на семејството. Не се мешајте во нивните одлуки, нека бидат независни и слободни во изборот.
СТРЕЛЕЦ
Денот ќе ви биде напорен, затоа не трошете го времето во бесмислени расправии и не придавајте големо значење на ситниците. Не трошете ја вашата енергија, туку соберете се и завршете го она што сте го започнале. Ничии чувства не треба да се игнорираат, особено не некој што силно го привлекувате. Ако сте направиле грешка, поправете се.
ЈАРЕЦ
Ќе посветите многу време на домашните задачи кои не можат да се одложат. Вашите професионални обврски ќе најдат место во вашиот распоред и не можете да ги игнорирате, бидејќи преку нив ќе ги зголемите приходите. Бидете внимателни кога работите со пари, како и во советите кои великодушно ги давате.
ВОДОЛИЈА
Многумина од вас се расположени за одмор и со нетрпение очекуваат малку да го забават темпото. Можеби денеска ќе ви биде дадена можност да обезбедите добра финансиска основа за поисполнета забава. Со други зборови, ве очекуваат значителни финансиски придобивки. И љубов.
РИБИ
Вашите денешни средби ќе бидат добронамерни, ќе ве расположат и мотивираат. Пред вас е важна и добро платена обврска, од чие успешно завршување во голема мера ќе зависи вашата финансиска состојба во наредните месеци. Внимавајте да не го измешате разумот со чувствата, бидејќи тоа ќе доведе до несакани ситуации.