
Венко Филипче и СДСМ неколку дена молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол, кој ги рашетуваше затворениците со државни ресурси, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Зоран Заев, криминалецот Сокол. Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДСМ и Филипче што не се оградуваат од него? Дали Филипче и СДСМ го поддржуваат Сокол и штитат криминалци?“, се вели во соопштението.
Од што се плаши Филипче, па молчи, прашува владејачката партија.
„Народот гледа какви криминалци од СДСМ ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса. Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДСМ и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.