Музеј Куманово музеј доби средства за реализација на 29 проекти

НУ Музеј Куманово годинава ќе реализира триесетина проекти, одобрени од Министерството за култура и туризам за реализирање на проекти, соопштија денеска надлежните од установата. Меѓу проектите, годинава акцент е ставен на археолошката дејност, за кои двојно е зголемен буџетот за оваа година. Вкупно, Музејот доби поддршка за реализација на 29 проекти.

-Ќе продолжат археолошките истражувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане и на Градиште во село Пчиња. Ќе се реализираат и два меѓународни проекти од археолошко-истражувачката дејност, изјави директорката на установата, Марија Живачки.

Годинава во програмата се опфатени 20 проекти од музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство. Од областа на визуелната уметност, архитектура и дизајн ќе се реализираат пет проекти, меѓу нив и ликовната колонија „Куманово“ која доби 100.000 денари. Двајца ликовни уметници ќе имаат самостојни изложби

-Генерално задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2025 година, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Живачки.

Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот.

Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија, конзервација на музејски материјал, теренски евиденции во служба на заштита на локалитетите и ќе има едукативни работилници наменети за помладата публика како и историски истражувања, ќе излезе музејскиот гласник…