Стратешкото партнерство со САД, вели Славески, е во корист на безбедноста во нашата земја

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески, кој дисктураше за актуелната тема денеска, посетата на Владата во Унгарија како и барањето на Синдикатите за зголемувањето на минималната плата.

На самиот почеток, Славески објасни дека стратешкото партнерство со САД не е на одмет и тоа од безбедносни причини со што направи компарација за земји кои ниту се во Европа ниту во НАТО а сепак имаат стабилна безбедносна поддршка од САД, како и дека на економски план соработката со соседите треба да се одржува и негува.

„Стратешкото партнерство не е на одмет, на безбедносен план многу ни е битно стратешкото партнерство со САД, има земји коишто со децении се потпираат на поддршката безбедносна на САД а не се ниту во Европа ниту во НАТО, на економски план соработката со соседите треба да се одржува, да се негува и понатаму“, рече Славески.

Во врска со барањата на ССМ за покачувањето на минималецот на 500 евра Славески истакна:

„Во однос на ова имаме закон за минимална плата, според којшто сега во март треба да дојде до усогласување со стапката на инфлација од минатата година и со порастот на просечната плата, околу генералниот штрајк и тоа е право на синдикатите, ако сметаат дека имаат капацитет а мислам дека немаат затоа што синдикатите во приватниот сектор речиси и да не постојат, синдикатите се силни во јавниот сектор“, истакна Славески.