
Од денес (04 март 2025 год.) започна реконструкцијата на улицата „Бетовенова“ со површина од 4000 метри квадратни и должина од 400 метри. Оваа улица е една од најважните сообраќајници во општината и не е реконстуирана повеќе децении.
Наскоро, локалната самоуправа ќе започне со изградба на спортско-рекреативниот центар „Ударници“, во близина на улицата „Бетовенова“.
Овие активности се уште една потврда на предизборните ветувања на градоначалникот Дарко Костовски и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура во општина Бутел.
Најголем мотив за посветеноста на градоначалникот е укажаната доверба од граѓаните, кои заслужуваат поквалитетни услуги од локалната самоуправа.