Бизнисот е гладен, сака развој и свежи пари, вели Мицкоски

500 милиони евра од унгарскиот кредит се искористени за враќање на долг, обврзница земена во 2018та година, а другите пола милијарда се искористени за проекти и во бизнисот, односно 250 милиони евра за општините и 250 милиони за бизнисот, ијзави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Една милијарда евра стигнаа од Унгарија, од таа милијарда, 500 милиони евра се искористени за враќање на долг, обврзница земена во 2018та година, и денеска ако го видите статусот на долгот на држават ќе видите дека тој е 58,2%, намален е нешто за повеќе од 3%м, така работи оваа Влада, домаќински, одговорно. Останатите 500 милиони евра, 250 милиони во проекти на целата територија на државата, ќе гледате сега и други проекти и ќе гледате и годиниве кои што следат такви проекти, а 250 милиони евра се во Бизнисот за жал морам да кажам интересот до овој момент е 380 милиони, значи бизнисот не е гладен, значи имало проекти не дека немало проекти туку можеби требало евтини пари, за да тие проекти се реализираат, а тие проекти ќе донесат многу повеќе работни места, изјави Мицкоски и додаде:

„Кога разговаравме со стопанските комори, поставивме една цел, 5000 нови работни места, но моите информации велат дека таа бројка е дуплирана со оние проекти кои што сега бараат финансирање од оваа унгарска линија и тоа се 380 милиони евра. Очекувам таа бројка да дојде и до половина милијарда што за мене предизвикува повторно предизвик и инспирација да побарам вакви нови средства за бизнисот, затоа што очигледно бизнисот е гладен, сака развој, сака свежи пари, евтини пари за да може да се развива, да додава вредност и да креира нови работни места за младите и да не биде по принципот „како до сега“ изминативе 7 години да ги полнат автобусите и да се селат,“ рече премиерот Мицкоски.