
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна во средата претпладнето, втор ден по ред, спуштајќи се близу најниското ниво во последните три месеца.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,55 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 106,45 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 148,70 на 149,75 јени.
Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото се искачи на 1,0630 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0490 долари.
Цените на нафтата паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,37 отсто, на 70,75 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,89 отсто, на 67,65 долари.