
Од денес започна изградбата на трим-патека покрај коритото на река Серава. Денес е ден на голема радост за сите граѓани, бидејќи овој проект го чекаа повеќе од 40 години.
Најголемиот капитален проект во Општина Бутел – изградба на речно корито и трим-патека покрај реката Серава се реализира. Најголемото барање на граѓаните, денес е исполнето ветување на градоначалникот Дарко Костовски.
Трим-патеката покрај коритото на река Серава е во должина од 800 метри. На патеката ќе биде поставено смарт осветлување и нови клупи. Покрај тоа, ќе се изгради парк на површина од 5000 м2. Во првата фаза се уредува коритото на река Серава во должина од 1500 метри.
Во втората фаза ќе се уреди површина во должина од 300 метри во населеното место Радишани. Локалната самоуправа уредува со камен речно корито во должина од 1800 метри.
Општината вложува 65 милиони денари за уредување на речното корито и изградба на трим-патека.
Изгледот на Општина Бутел се менува. Сите граѓани заедно ќе спортуваат и ќе се рекреираат на кејот на реката Серава.