
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот објави дека може да продаде некои од своите најпознати имоти во Вашингтон, вклучително и седиштето на Министерството за правда, на Федералното биро за истраги (FBI) и Министерството за труд.
Администрацијата за општи услуги (GSA), која управува со федералниот недвижен имот, соопшти дека навела 443 имоти со повеќе од 80 милиони квадратни метри „кои не се клучни за владините операции“ и можат да се продаваат. Агенцијата наведува дека продажбата на тие имоти потенцијално ќе заштеди повеќе од 430 милиони долари годишни оперативни трошоци.
На списокот на познати згради се наоѓаат и седиштата на Министерството за правда, Министерството за земјоделство, американскиот Црвен крст и Канцеларијата за управување со персонал, која е одговорна за човечки ресурси во американската влада.
Наведени се и големи деловни згради во Чикаго, Атланта, Кливленд и Лос Анџелес.
Оваа потенцијална продажба би можела да биде дел од планот на Трамп за намалување на обемот на федералната влада, како што предложи милијардерот Илон Маск. Според оваа иницијатива за намалување на државната администрација, 100.000 работници веќе добиле отпремнина или биле отпуштени.