
Сведок од СВР Велес предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски настапи на денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше. Станува збор за вработен во СВР Велес.
На прашањето на Палевски дали тој ги прегледал камерите од хотел Романтик, тој потврди дека тоа го сториле со другите колеги.
Палевски од службената белешка на сведокот прочита дека било наведено дека од снимките се гледа дека во возилото ,,рено кангу” имало две лица и едно во ,,цитроен”. Па, потоа праша како биле облечени, на што доби одговор дека не можам да му даде одговор бидејќи камерите ги гледал многу одамна, рече сведокот.
Палевски потоа го праша сведокот зошто не бил одземен пиштол од Боро Видевски, бидејќи при претресот била пронајдена дозвола за пиштолот, како и за една ловна пушка.
Сведокот одговори дека при претресот не бил најден пиштолот, туку само ловната пушка, како и муниција за неа, но и куршуми за пиштолот.
Тој појасни дека и обвинителката усно била известена дека недостасува еден пиштол.
Малата Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.