Трамп најави гасовод во Алјаска и експанзија на рударството на ретки минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација работи на „гигантски гасовод“ во Алјаска, што ќе биде еден од најголемите во светот.

Во првото обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес по неговото враќање на функцијата во јануари, Трамп изјави дека Јапонија, Јужна Кореја и други земји се подготвени да инвестираат „трилиони долари“ во проектот.

Американскиот претседател, исто така, најави дека до крајот на неделата ќе преземе „историски чекори“ за значително зголемување на производството на критични минерали и ретки елементи во САД.