
Воените сили на НАТО не се подготвени за модерно војување со дронови, предупреди во средата украинскиот воен командант задолжен за дроновите, три години од војната со Русија.
„Киев се обидува да предничи пред непријателот, користејќи вештачка интелигенција, копнени беспилотни летала и тестирање ласери за соборување руски беспилотни летала“, изјави полковникот Вадим Сухаревски, командант на Силите за беспилотни системи.
Зборувајќи во ново реновираната канцеларија за неговите неодамна формирани сили, Сухаревски го претстави напредокот во војната со беспилотни летала од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година и како таа ги промени воените доктрини.
„Врз основа на она што го слушам и гледам, ниту една војска на НАТО не е подготвена да се спротивстави на каскадите со беспилотни летала“, рече тој во неодамнешното интервју за Reuters.
Вели дека НАТО треба да ја разбере економската предност на беспилотните летала, кои често чинат помалку од конвенционалното оружје за да ги соборат.
„Тоа е основна математика. Колку чини проектил кој соборува дрон Шахед? И колку чини распоредувањето на брод, авион или систем за противвоздушна одбрана за да се пука во него?“, вели Украинецот користејќи го терминот за иранското беспилотно летало, чиишто перформанси ги усоврши руската армија и деноноќно изведува обемни напади врз украинските градови.
Беспилотните летала со долг дострел може да чинат само неколку илјади долари за најосновните модели, додека дроновите од типот што го посочува Сухаревски се проценува дека чини десетици илјади долари. Цените на ракетите за нивно пресретнување се движат во шест или седум цифри, а многу земји имаат само ограничени резерви, што ги прави многу неекономични.
Украина објави дека до 2024 година произвела 2,2 милиони мали FPV дронови и 100.000 поголеми беспилотни летала со долг дострел. Русија, според сопствените проценки, произвела 1,4 милиони FPV дронови минатата година, а нејзината наменска индтрија реќиси секој месец лансира нови усовршен тип вакво летало..
„Дури и врховниот командант на украинските вооружени сили сега вели дека беспилотните летала уништуваат повеќе од 60 отсто од целите. Единствено прашање е како ќе се развива тактиката на нивна употреба и што следи од тоа, технолошкиот аспект“, пишува Reuters веројатно цитирајќи го Сухаревски.
Руските напади, кои често вклучуваат повеќе од сто дронови, станаа секојдневие во Украина. Тие се спроведуваат со евтините дронови произлезени од иранската технологија до која дојде Техеран заробувајќи американско беспилотно летало, како и со евтини беспилотни летала како мамка кои ја исцрпуваат ограничената залиха на противвоздушни ракети на Украина. Покрај тоа, руската армија објвуваше снимки на борби меѓу дронови, при што руските летала врз противничкото испуштаат мрежа која го оневозможува летот.
„Украина користи камиони со митралези и воени авиони за соборување на беспилотни летала и работи на други опции како што се беспилотни летала за пресретнување FPV и ласерско оружје“, рече тој.
Сухаревски проценува дека на бојното поле има илјадници копнени беспилотни летала, што значи дека се потребни помалку војници за опасните операции.
Двете страни интензивно користат електронско војување за да ги нарушат комуникациските сигнали со беспилотни летала во воздухот. Но рускава војска започна да користи и дронови со оптички кабли кои испраќаат појасен сигнал и потешко е да бидат попречени, технологија на која започна да работи и Украина.
Ова доведе до беспилотни летала кои користат автоматски напади користејќи вештачка интелигенција откако пилотот ќе избере цел со камерата на дронот. Но, одлуката мора да ја донесе човечка, а не вештачка интелигенција, вели Сухаревски.
Верува дека најмалку половина од украинските единици со беспилотни летала на бојното поле сега користат такви системи до одреден степен и дека повеќето беспилотни летала на крајот ќе имаат такви системи.
Тој, сепак, признава дека Украина нема доволно муниција за дроновите, кои обично се доставуваат одделно, но не навлегува во детали. Вели дека некои единици произведуваат сопствена муниција. Една бригада може, на пример, да произведува од 6.000 до 10.000 куршуми месечно.
„Да не беа беспилотните летала, сè ќе беше многу полошо. Дроновите ни овозможуваат да обезбедиме асиметричен одговор кога непријателот е поголем, помоќен и напаѓа“, вели Сухаревски.