
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во четвртокот во претпладневното тргување падна трет ден по ред, спуштајќи се на најниските нивоа од ноември минатата година.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,20 поени, додека вчера во истиот момент од тргувањето изнесуваше 105,55 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,75 на 148,95 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската валута, при што еврото достигна 1,0810 долари, што е највисоко ниво во последните четири месеци, во споредба со 1,0630 долари во овој момент вчера.
Инвеститорите ќе се фокусираат на денешната средба на челниците на Европската централна банка (ЕСВ), а пазарот очекува дополнително намалување на каматните стапки.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,36 отсто, на 69,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,38 отсто, на 66,55 долари.