
Запрашан како гледа на заканите со „бојкот“ на локалните избори од страна на ДУИ, аналитичарот Агим Јонуз истакна дека на овие „закани“ гледал како на ништо ново.
-Ништо ново, не идеш на избори, пеки, твој избор, ќе правиш ова, ќе правиш она, пеки… тоа е твој избор. Власта таква каква што е, дали е идеална или не, си ја тера и агендата, апропо она што го вети и го инсталира на дело, паралелно со тоа организира или работи на организирање на локалните избори кои се пред нас есеноска. Паралелно со тоа работи на сѐ она што во овој актуелен момент треба да ѝ донесе на државата барем еден понапред од онаква каква што ја затекнаа во смисла на власт, во смисла на функционалност и т.н, изјави Јонуз во „За или против“ на ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски.
„ДУИ го прави како ДУИ, не како албански народ, не како сеалбанско население, туку како политичка партија, еден сегмент од албанскиот народ. Она што се обидува да се инсталира, засега сметам дека е неуспешно, дека кога зборуваме за ДУИ зборуваме за албанскиот народ. ДУИ не е албанскиот народ, ДУИ е политичка партија. Таа политичка партија во делот на она што го доживеа, а доживеа пораз… некој ќе рече не, напротив нивната реторика е таа, ние не доживеавме пораз, ние сме изиграни, принципот на победник со победник, гецета-рецета. Оваква или онаква, сепак е политичка партија која има легитимно право на сите демократски модели и методи да се бори, да се врати на власт“, истакна Јонуз во „За или против“.