Костадиновски-Брејтвејт: Се зајакнува соработката меѓу Уставниот суд и AIRE центарот

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски оствари работна средба со Билјана Брeјтвејт, програмска директорка за владеење на правото на Западен Балкан при AIRE центарот (специјализирана организација која дава експертиза и практични совети за правните стандарди на ЕУ и Советот на Европа).

На средбата, како што информира Уставниот суд, Костадиновски ја запозна Брејтвејт со неговите приоритети и со предизвиците со кои се соочува Судот.

„И од двете страни беше искажан интерес за соработка во следниот период, со фокус на организирање на заеднички проекти поддржани од АIRE центарот. Идната соработка ќе се темели на активности поврзани со два од приоритетите на претседателот Костадиновски, односно на принципот на јавноста и на механизмите за следење на извршување на одлуките“, се наведува во соопштението од Уставниот суд.