Маж со остар предмет се заканувал на сопругата

Вчера во 21:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(62).

„Приведен е постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.