
Најмалку 13 припаднници на Управата за државна безбедност на новата сириска влада предводена од протируските исламистички групации се убиени во судирите со вооружените групи кои го поддржуваат поранешниот претседател Башар ал-Асад во градот Џабла, објави сирискиот телевизиски канал Syria TV.
Како што е наведено, во градот Џебла, во близина на кој се наоѓа руската воздухопловна база Хмеимим, сè уште траат вооружените судири меѓу безбедносните сили на новата сириска администрација и поддржувачите на Асад соборен по 13 години граѓанска војна пред крајот на минатата година во ненадејната офанзива на бунтовничките групации предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (HTS). Претходно телевизијата извести за загинување на четворица безбедносни сили во Џебла. Според Syria TV, сириската армија собира големо засилување во Џабла за да им се спротивстави на одметнатите милициите.
Во четвртокот, државата сириска новинска агенција SANA објави дека група поддржувачи на Асад нападнале еден од контролните пунктови на Управата за државна безбедност на новата сириска администрација во предградието на градот Џабла. Снимател на катарскиот телевизиски канал Al Jazeera е ранет додека известувал од борбите.
Според SANА, милициите кои го поддржуваат поранешниот сириски претседател нападнале воени објекти во областа Беит Ана во медитеранската провинција Латакија, а нападнале и возила на сириското Министерство за одбрана. Во нападот загина еден сириски службеник за безбедност, а неколку се повредени.