Нејмар по една година повикан во бразилската селекција

Бразилскиот селектор го повика напаѓачот на Сантос, 33-годишниот Нејмар за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација.

Нејмар доживеа тешка повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година.

По разочарувачкиот период во саудискиот пролигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари, постигнувајќи три гола и додавајќи три асистенции во седум натпревари, привлекувајќи вниманието на бразилскиот тренер Доривал Жуниор.

Нејмар одигра 128 натпревари во кои постигна рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на легендарниот Пеле од 77 гола.

Беше дел од бразилската репрезентација која го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио 2016 година, а исто така ѝ помогна на својата селекција да заврши како второпласирани зад Аргентина на Копа Америка во 2021 година.

Бразил, кој е петти на табелата КОНМЕБОЛ со 18 бодови од 12 натпревари, на 21-ви март ќе ѝ гостува на Колумбија, а пет дена подоцна ќе патува во Аргентина. Најдобрите шест репрезентации ќе се квалификуваат директно на Светското првенство.