Претседателот на хрватскиот Парламент, Јандроковиќ во официјална посета на Македонија

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Јандроковиќ денеска ќе го посети македонското Собрание, каде ќе биде свечено пречекан со високи државни и воени почести.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија. По средбата со Гаши, предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите.

Според најавата од Собранието, Јандроковиќ  ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе следуваат изјави за медиумите на двајцата собраниски спикери.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ ќе се обрати пред пратениците во рамки на денешната 37-та седница.

Поради посетата на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, денеска и утре на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.