Путин за Макрон: Некои забораваат што се случи со Наполеон

Рускиот претседател Владимир Путин ден откако неговиот француски колега Емануел Макрон ја нарече Москва закана за Европа и зборуваше за заштита на другите европски земји со францускиот нуклеарен арсенал, рече дека некои луѓе „заборавиле што се случи со Наполеон“.

Наполеоновата инвазија на Русија во 1812 година првично напредувала брзо со помош на другите околни земји и тој успеал да влезе во Москва. Сепак, руската тактика ја принуди војската на Наполеон на долго повлекување и стотици илјади негови луѓе умреа од болест, глад и студ. на крајот од март 1814 година по еднодневните борби пред Париз кои ги предводи Русија на која во потиснувањето на француските трупи ѝ се приклучуваат Австриското и Пруското царство француската војска се предава, Наполеон абдицира а во Париз влегуваат руски војници.

„Сè уште има такви кои сакаат да се вратат во времето на Наполеон, заборавајќи како тоа заврши“, рече меѓу другото Путин во обраќање пренесувано на телевизиите, без директно да го спомене Макрон.

Путин рече дека Русија сака мир во Украина што ќе ја обезбеди нејзината долгорочна безбедност и развој.

„Мораме да избереме мировна опција која ни одговара и која ќе обезбеди мир за нашата земја долго време“, им порача рускиот претседател на сопругите и мајките кои ги загубија членовите на семејството во војната.

„Ништо друго не ни треба, но не го даваме ни тоа што е наше“, истакна руски војник.

На прашањето на мајката на паднат војник дали Русија ќе се повлече, Путин одговори дека не постојат такви намери.

Под Макрон, Франција испраќа оружје во Украина и тој во средата вечерта во телевизиското обраќање до нацијата рече дека земјата е подготвена да размисли за испраќање војници таму за да помогне да се обезбеди имплементација на секој мировен договор. Русија предупреди повеќепати досега дека присуството на чии да се војници од земјите-членки на НАТО би било неприфатливо.

Макрон, исто така, во својот говор нарекувајќи ја Русија „закана“ рече дека Франција е подготвена да разговара за проширување на нејзиниот нуклеарен чадор во другите европски земји.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека коментарите на францускиот челник, во обраќањето до нацијат се потврда дека Париз има намера да ја продолжи војната во Украина.