Романија уапси шестмина под обвинение за заговор поврзан со Русија

Романските обвинители во четвртокот соопштија дека привеле шест лица под обвинение дека наводно се обиделе да извршат државен удар со помош на Русија, што претставува драматична ескалација на тензиите меѓу Букурешт и Москва.

Осомничените биле приведени во средата, истиот ден кога Романија, членка на НАТО и на Европската унија, ги прогласи руското воено аташе и неговиот заменик „персона нон-грата“ за, како што рече, дејствија спротивни на дипломатските правила.

Москва соопшти дека ќе одговори на потегот.

„Почнувајќи од 2023 година, петмината обвинети, заедно со осомничениот, формираа криминална организација со цел да го нарушат суверенитетот и независноста на романската држава преку политичко поткопување на одбранбените капацитети на земјата“, се вели во соопштението на главната канцеларија за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT).

„Исто така, членовите на криминалната група постојано контактирале со агенти на странска сила во Романија и Руската Федерација“, се додава во соопштението на канцеларијата, но не ги наведува имињата на осомничените, ниту се понудени конкретни докази за наводните дејствија.

Русија до ано попладнето во четвртокот го коментираше извештајот.

Обвинителите наведуваат дека групата наводно има „структура од воен тип, при што еден од членовите е пензиониран генерал“.

Додаваат и дека дека групата „презела чекори за да преговара со странските сили во врска со потенцијалното повлекување“ на Романија, која ја дели границата со Украина, од НАТО алијансата.

„Целта на групата беше да се постави нова влада и да се урне сегашниот уставен поредок, да се воведе ново знаме, химна и да се смени името на државата“, соопштија обвинителите.

„Истовремено, во текот на јануари, двајца од обвинетите отпатувале за Москва, каде што оствариле контакт со луѓе кои биле подготвени да ги поддржат напорите на организацијата за преземање на државната власт во Романија“, се додава.

Политичките тензии се високи во Романија откако Врховниот суд ги поништи претседателските избори во декември поради наводите за наводно руско мешање, што Москва категорично го отфрла и посочува дека за таквите тврдења романските власти не понудиле ниеден релевентен доказ.

Судот тогаш пресуди дека Русија наводно се вмешала во изборната кампања за да му помогне на кандидатот на крајната десница Калин Џорџеску, кој го обвинува дека е проруски и се противи на испраќање воена помош за Украина, а всушност станува збор за политичари кој го преиспитува учеството на Романија во ЕУ и НАТО.

Истрагата објавена во четвртокот не е поврзана со Џореску, рекоа извори од обвинителството.