Сопругата на премиерот готвеше за социјално загрозените во црковно-народната кујна во Лисиче

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денеска се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче, подготвувајќи оброци за социјално загрозените граѓани.

Мицкоска, заедно со другите волонтери од хуманитарната организација при Скопската православна епархија, учествуваше во готвењето и поделбата на храна за најранливите категории.

Црковната народна кујна „Свети Спас“, која работи под мотото „Вера… Надеж… Љубов… За сите!“, секојдневно обезбедува топли оброци за стотици граѓани во социјален ризик. Волонтерите и донациите од граѓаните и компаниите се клучни за нејзиното функционирање.

Овој хуманитарен ангажман на сопругата на премиерот доаѓа во време кога Владата најавува нови мерки за поддршка на социјално загрозените семејства.