Девизните резерви на крајот на февруари 4,86 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на февруари 2025 година изнесувале 4.861,3 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (76,2%), по што следуваат монетарното злато (12,5%) и валутите и депозитите (11,3%).