
Оскаровецот Џин Хекман боледувал од напреднатата фаза на Алцхајмерова болест и починал од срцеви заболувања и други фактори, најверојатно неколку дена по смртта на неговата сопруга Бетси Аракава, која подлегна на редок синдром кој се пренесува преку глодари, покажаа резултатите од обдукцијата објавени во петокот.
Познатиот 95-годишен актер, неговата 64-годишна сопруга и едно од нивните кучиња беа пронајдени мртви на 26-ти февруари во посебни соби во нивниот дом во Ново Мексико.
Шерифот на округот Санта Фе на прес-конференција потврди дека Хакман починал од срцева болест, а причината за смртта на Аракава била инфекција со хантавирус.
Шерифот минатата седмица изјави дека патолог утврдил дека последниот сигнал од пејсмејкерот на Хекман бил снимен на 17-ти февруари, што укажува на тоа дека тој умрел тој ден.
Хекман и Аракава живеаја во Санта Фе од 1980-те и бра активни во градската уметничка и гасономската сцена во градот. Но последниве години тие ретко се појавуваа во јавноста поради нарушеното здравје на Хекман. Како што изјави шерифот Адан Мендоза, двојката живеела затскриено живот до самиот крај.
Нивните тела ги открил чувар во затворената заедница каде што живееле. Полицајците го пронашле Хекмен во кујната, а Аракава и нивното куче лежеле во бањата, каде што на мијалникот биле расфрлани апчиња од отворено шишенце со лекови.
Ниту на Хакман, ниту на Аракава не биле пронајдени знаци на физичко насилство, а се чинело дека и двајцата ненадејно паднале на подот. Една од задните врати на куќата била подотворена, а другите две кучиња на двојата ја користеле за да влезат и да излезат од куќата, додаде Мендоза.