Доживотната пресуда не ме плаши, јас сум однапред осуден, рече Палевски

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Првообвинетиот за убиствата, Љупчо Палевски, смета дека пресудата против него е веќе донесена и тоа од страна на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски на прес-конференцијата која тогашниот прв човек на МВР и јавниот обвинител ја одржаа на 5.12.2023 година.

Палевски смета дека ова е единствен случај каде судијата не го бара оружејето со кое се сторени делата.

„Јас сум однапред осуден од страна на овие двајца. Доживотната пресуда не ме плаши. Судијата Стефановски е уредник на неколку портали за убиството на Вања и го советува Обвинителството. Затоа барам ваше изземање од овој случај поради пристраност иако знам дека тоа нема да се случи поради вашиот однос со претседателот на судот Џолев“, објасни Палевски.

Судот веднаш го одби барањето на Палевски за изземање на судијата.

Одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски предложи до Судот да се достави чаурата пронајдена на местото каде што било пронајдено телото на Панче Жежовски за која вештачењето утврдило дека е од оружје калибар 9 милиметри.

Одбраната побара пред Судот да бидат повикани две вешти лица за дополнително вештачење на чаурата.

-Во списите има вештачење на таа чаура од вешто лице кое утврдило дека се работи за чаура од оружје од калибар 9 милиметри и дека на неа се пронајдени траги од значење, односно траги кои можат да се споредат со базата на податоци од МВР во однос на тоа дали оваа чаура е испукана од оружје за кое се поседува дозвола за поседување и носење оружје, односно конкретно дали е од пиштолот на Боре Видевски. Бараме дополнение на вештачењето на чаурата. Вештото лице да изврши проверка на оваа чаура со базата на податоци на МВР, дали оваа чаура потекнува од оружје од базата на МВР, конкретно од пиштолот на Боре Видевски.

Судот одлучи да се произнесе по однос на ова барање на наредното рочиште.

Одбраната на Љупчо Палевски денеска не успеа да го изведе доказот од камерите на „Безбеден град“ што го најави на изминатото рочиште, а со кој сакаше да докаже дека Палевски ноќта 21 кон 22 ноември 2023 година бил во Скопје. Судот прифати да се прикаже снимката, но таа не беше презентирана. Адвокатите на Палевски побараа Јавното обвинителство да овозможи презентирање на видеозаписот, бидејќи не можеле да го отворат доказот.

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски смета дека пресудата против него е веќе донесена и тоа од страна на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски на прес-конференцијата која тогашниот прв човек на МВР и јавниот обвинител ја одржаа на 5.12.2023 година.

Палевски смета дека ова е единствен случај каде судијата не го бара оружејето со кое се сторени делата.

„Јас сум однапред осуден од страна на овие двајца. Доживотната пресуда не ме плаши. Судијата Стефановски е уредник на неколку портали за убиството на Вања и го советува Обвинителството. Затоа барам ваше изземање од овој случај поради пристраност иако знам дека тоа нема да се случи поради вашиот однос со претседателот на судот Џолев“, објасни Палевски.

Судот веднаш го одби барањето на Палевски за изземање на судијата.

На следните расправи закажани за 12, 17, 19, 24 и 26 март, како што информираше судијата Ивица Стефановски, ќе се прави распит на обвинетите.