
Клавирот оштетен во цунамито што го опустоши североисточниот дел на Јапонија во 2011 година е изложено на аеродромот Сендаи во префектурата Мијаги за да може сите да свират на него, објави јапонската јавна телевизија NHK.
Инструментот што го проголта цунамито предизвикано од силниот земјотрес на 11 март 2011 година, е пронајден и поправен, но трагите на него и оштетувањата на една клавиша остануваат недопрени.
Таканаречениот „клавир за реконструкција“ е изложен на аеродромот секоја година околу овој период за да ги поттикне посетителите да размислуваат за катастрофата.
Еден човек на околу 80 години од западната префектура Сага рече дека сцените од катастрофата му дошле на ум додека свирел на клавирот. Тој рече дека сака да продолжи да дава поддршка за погодените области.
Инструментот е во сопственост на учителот по пијано Сакураи Јуми. Сакураи рече дека сака луѓето да свират на пијано и да слушаат музика за да се сеќаваат на времето на катастрофата, вклучувајќи ги и оние кои не биле директно погодени.
Пијаното ќе биде изложено во салонот за пристигнување на аеродромот на првиот кат до 11 март.