Петмина скопјани со кривични пријави поради напад врз полицајци

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 01.11.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Б.(61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 19.11.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.12.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија , при што употребил и остар предмет.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Н.(29) и А.П.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 28.12.2024 во Скопје, пријавените физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.