
„И по кој знае кој пат, видовме дека само небото е граница за лицемерието на СДС, во опозиција!“ напиша на Фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
„Не може ден да помине, без СДС да ја покаже својата дволичност и конфузност во ставовите и однесувањето.
Со ваквото биполарно и несфатливо однесување, денес СДС успеа да го оцрни и исполитизира дури и 8-ми март, „Денот на жената“.
Тие избраа политиканство и бојкот наместо одбележување и присуство на свечената седница која што се одржа денес во Собранието по повод 8-ми Март.
Очигледно, политиканството и лицемерието на СДС не се ништо ново, туку само континуитет од кој што никогаш не се откажале“, истакнува Мицевски.