Трајковски го освои осмото место на Европското првенство во атлетика

Останати спортовиАтлетика

Трајковски го освои осмото место на Европското првенство

Во четвртата серија неговиот скок беше за два сантиметри покус од претходниот, додека во последните две серии направи престап.

Трајковски го освои осмото место на Европското првенство
АФМ

Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала, што се одржува во Апелдорн, Холандија. Со ова, тој испиша историја, станувајќи првиот од Македонија кој се пласирал во финале на едно вакво големо натпреварување.

Во вчерашните квалификации, Трајковски блесна со скок од 7,85 метри, што му обезбеди место меѓу најдобрите. Денеска, неговиот најдобар обид беше 7,65 метри, што на крајот му донесе осма позиција во силната конкуренција.

Тој отвори со 7,59 метри во првата серија, потоа направи престап во втората, а во третата серија постигна 7,65 метри. Во четвртата серија неговиот скок беше за два сантиметри покус од претходниот, додека во последните две серии направи престап.

И покрај тоа што не успеа да се доближи до својот резултат од квалификациите, самиот влез во финалето претставува огромен успех за македонската атлетика.

Изненадувачки, златниот медал го освои Божидар Сарабојуков со скок од 8,13 метри во последната серија, за еден сантиметар подобар резултат од Италијанецот Фурлани и Шпанецот Лескај.