
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска апелира сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и сигурни бидејќи, како што наведуваат, секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.
Празникот 8 Март потсетува на важната улога на жените во нашето општество. На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата. Жените имаат сила, храброст, сообраќајно знаење и вештини, но и тие се подеднаково изложени на бројни ризици како и останатите учесници во сообраќајот. За среќа, тие умеат да се заштитат без разлика дали се возачи, патници или на било кој начин учествуваат во сообраќајот“, се вели во соопштението.