ФОТО| Двајца повредени во сообраќајка на Партизанска

Две лица се повредени во тешка сообраќајка која синоќа се случи на булеварот „Партизански одреди“.

Се судриле „тојота јарис“ и амбулантно возило на приватна болница, две лица биле полесно повредени.

Возачот кој го управувал возилото на Итна медицинска помош (Н.Ј. / 45) бил префрлен во болница, каде му биле констатирани лесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.