
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста да го повлече американскиот воен контингент од Германија а потоа да ги распореди во Унгарија, објави британскиот весник The Daily Telegraph, повикувајќи се на извори блиски до администрацијата во Вашинготн.
Во моментов во Германија служат 35 илјади припадници на американската војска.
„Трамп е лут што тие (во Европа), се чини, дека се за војна“, рекол неименуваниот извор на весникот.
Како што забележува The Daily Telegraph, изборот во полза на Унгарија може да се поврзе со позицијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за Украина и прашањата поврзани со решавањето на војната. Весникот, исто така, забележува дека Трамп планира да ги прераспореди американските трупи во земјите кои ги исполнуваат целите за одбранбени трошоци на НАТО и планираат да ги зголемат.
„Иако нема конкретни најави планирани во блиска иднина, американската војска секогаш ја разгледува можноста да размести војници од една точка на земјината топка до друга со цел најефективно да се спротивстави на заканите за нашите национални интереси“, изјавил Брајан Хјуз, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.