Загина 27-годишен мотоциклист во сообраќајка во Охрид

Мотоциклис загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум, на крстосницата кај населбата Рача на излезот од Охрид.

„Околу 14 часот се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(76) од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(27) од Охрид“.

Доктор од Итната медицинска помош од Охрид, кај возачот на мотоциклот констатирал смрт, а полициски екипи предводени од јавен обвинител вршат увид на местото на незгодата.