
На Меѓународниот Аеродром Скопје денеска ќе се одржи симулациска вежба за вонредни состојби. Вежбата ќе се одржи во соработка со ТАВ Македонија.
Целта на вежбата е да се тестираат реакциите на сите надлежни институции при справување со вонредни ситуации. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои ќе се најдат во близина на Аеродромот да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да се однесуваат согласно упатствата за безбедност. Ова е со цел да се обезбеди безбедно и ненарушено одвивање на сообраќајот, како и јавниот ред и мир.
МВР нагласува дека оваа вежба е важен дел од подготовките за справување со можни вонредни состојби и апелира за соработка од сите учесници.